24фудбал

Рома јадеше лазања, ама сепак го победи Карпи (ВИДЕО)

„Римската волчица“ со 3:1 славеше кај Карпи и барем до недела вечер ќе биде на толку посакуваното трето место.

Италија

На дождливото време во Модена дури 56 минути се играше без голови кога конечно Рома поведе преку Лукас Дињ. Карпи најави сензација со голот на популарниот Кевин Лазања, истиот играч кој го реши Интер со гол во 92. минута. Лазања повторно како џокер влезе од клупата во 54. минута и само 7 минути подоцна ја здрма Рома.

Сепак сензацијата изостана бидејќи Римјаните до крајот постигнаа уште два гола. Прво Един Џеко донесе водство во 84. минути, а само минута подоцна Мохамед Салах ги постави конечните 3:1 за четврта последователна победа.

Со овие 3 бода сега Рома е на третото место кое води во квалификациите од Лигата на Шампиони и ќе се надева дека Фиорентина и Интер ќе си ги поделат бодовите во недела вечер.