24фудбал

Зидан: Нормално е тоа што Мурињо го сака Варан

Зинедин Зидан вели дека е нормално тоа што други клубови пројавуваат интерес за Рафаел Варан, но инсистира дека дефанзивецот останува на Сантијаго Бернабеу

Шпанија

Медиумите се почесто шпекулираат дека Жозе Мурињо летоска ќе го превзеде кормилото на Манчестер јунајтед.

Наводно се е договорено, па „Специјалниот“ веќе посочил и кои играчи сака да ги ангажира.

Се говори дека дефанзивецот на Реал Мадрид, 22 годишниот Рафаел Варан е на врвот на листата со желби на Португалецот.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан вели дека ова е сосема нормално, но порачува дека Рафаел Варан останува на Сантијаго Бернабеу.

„Нормало е тоа што Мурињо го сака Варан, токму тој го донесе Рафаел во Реал Мадрид” – рече Французинот на денешната прес конференција.

„Јас само ќе кажам дека Варан е фудбалер на Реал, и сакам тој да остане тука”.

„Ако се прашувам јас, ќе остане тука целиот живот. Тој е иднината на Реал Мадрид”.