24фудбал

Сари: Неправедно е без гостински навивачи!

Стратегот на Наполи се жали на забраната за присуство на нивните навивачи на дербито со Јуве во Торино.

Италија

Фудбалската федерација на Италија забрани навивачи на Наполи да патуваат на гостувањето кај Јувентус во натпреварот на сезоната. Оваа непопуларна одлука не е изненадување затоа што и на навивачите на Јуве им беше забрането да се појават во Неапол при нивната прва пресметка сезонава.

„Ако победиме тоа ќе биде прекрасно бидејќи на нашите навивачи ќе им донесе огромна радост. Многу ми е жал што нема да бидат присутни на натпреварот, тоа е голема неправда! Истото мислење го имав и кога на навивачите на Јуве не им беше дозволено да дојдат на Сан Паоло.“

Нормално, и Маурицио Сари верува дека неговиот тим може да ги освои трите бода иако против себе ќе го има целиот стадион.

„Треба настапиме со мала доза на лудост, да отидеме среде Торино и да ја играме нашата игра. Единствената шанса за да излезе од стадионот со позитивен резултат е таа, ќе пробаме да се убедиме дека резултатот зависи од начинот на кој ќе одиграме. Ќе играме против цел стадион!“