24фудбал

Каљехон: Сиромаштијата ме научи да бидам човек

Шпанецот денес слави роденден, а ни откри дека неговите сиромашни родители се најзаслужни за тоа што тој денес е ценет и почитуван од сите.

Шпанија

Како и многумина фудбалери, така и играчот на Наполи немал лесно детство. Неговите родители одвај врзувале крај со крај, но го научиле да биде скромен, нешто што на денес богатиот Хосе му останало во навика.

„Моите родители денот го поминуваа помеѓу овошје и зеленчук. Ме научија да се трудам и да се борам во животот, секогаш и секаде да правам добрина.“

„Ете зошто кога на почетокот навивачите беа скептични кон мене, никогаш не се посомневав во моите квалитети. Точно е дека тука сме да играме фудбал, но и да им удоволуваме на навивачите.“

„За мене давањето автограми и сликањето се должност. Јас и натаму сум истата личност како кога бев кога имав 15 или 20 години: скромен и приземјен.“

Каљехон е трета сезона во Наполи, а претходно играше за Еспањол и Реал Мадрид. Денес го слави 28-тиот роденден.