24фудбал

Хофенхајм го доби најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата

Клубот од Дитмар Хоп Стадионот го именуваше Јулиан Нагелсман за нов тренер, стратегот има само 28 години

Германија

Хуб Стевенс поради здравствени причини беше приморан да се повлече од тренерското столче, па Хофенхајм мораше да именува нов тренер.

Клубот од Дитмар Хоп Стадионот од поодамна имаше договор со Јулиан Нагелсман, кој требаше да го превзеде првиот тим по крајот на сезоната.

Сепак, неискусниот стратег кој има само 28 години и е најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата, уште сега ќе седне на жешкото столче.

Јулиан Нагелсман, кој доби договор до 2019, го чека тешка задача со оглед на тоа декка Хофенхајм во моментов е на претпоследното место на табелата со пет бода заостанување зад местото кое носи бараж, и седум бода зад местото што носи директен опстанок во Бундеслигата.