24фудбал

Анчелоти во прва посета на Минхен

Карло Анчелоти за прв пат го посети главниот град на Баварција откако во декември беше соопштено дека ќе седне на тренерското столче на Баерн Минхен

Германија

Како што пишуваат медиумите од Германија, Карло Анчелоти пристигнал во Минхен.

56 годишниот стратег веќе имал средба со генералниот извршен директор на Баерн, Карл Хајнц Румениге и разговарале за плановите за следната сезона и промените во составот.

Посетата на главниот град на Баварија, Карло Анчелоти ја искористил и за да побара соодветен дом за живеење.

Италијанецот на тренерското столче на Баерн ќе го замени Пеп Гвардиола, кој по три години престој на Алианц Арена летоска ќе замине и ќе го превзеде кормилот на Манчестер сити.