24фудбал

Бобан: На Тоти му дојде крајот!

Поранешниот играч на Милан, Ѕвонимир Бобан смета дека Тоти не може веќе да игра професионален фудбал во Серија А, неговото време е изминато.

Италија

Легендарниот хрватски фудбалер верува дека на Тоти му е дојден крајот и треба да се повлече од фудбалот.

„Жал ми е, многу ми е жал, но Тоти веќе не може да игра пристоен фудбал во Серија А. По последната повреда и се што помина, мислам дека му е дојден крајот. Во фудбалот едноставно е така“ - вели Бобан.

Иако оваа сезона одигра само пет натпревари, Франческо Тоти не сака да стави крај на кариерата.