24фудбал

Премиерлигашите добија „корпа“ од уште еден играч на Атлетико

По Антоан Гризман, уште еден фудбалер на Атлетико Мадрид не сака да слушне за трансфер во Премиерлигата, младиот Саул Нигез вели дека останува на Висенте Калдерон

Шпанија

21 годишниот Шпанец подолго време е желба на неколку клубови од Англија, помеѓу кои Манчестер јунајтед, Арсенал и Ливерпул.

Сепак, Саул Нигез не сака да слушне за трансфер во Премиерлигата, и вели дека е подготвен целата кариера да ја помине на Висенте Калдерон.

„Работите добро се одвиваат ова сезона” – вели Нигез. „Ми се исполни детскиот сон”.

„Најдобар начин да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба е да работам напорно секој ден”.

„Би останал тука до крајот на кариерата. Атлетико ми даде се. Овае е мојот клуб, мојот дом”.

„Доколку ми биде понуден доживотен договор, со задоволство би играл дур ме држат нозете”.

Вчера уште една ѕвезда на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ги отфрли гласините за трансфер во Премиерлигата и порача дека останува на Висенте Калдерон.