24фудбал

Јунајтед се мачи на теренот, ама надвор од него растура

„Црвените Ѓаволи“ имаат уште една разочарувачка сезона на фудбалските терени, но клубот бележи рекорден успех на комерцијален план

Англија

Клубот од Олд Трафорд доживеа елиминација од Лигата на Шампионите, а во Премиерлигата е надвор од топ четири и грчевито ќе се бори за место во најелитното натпреварување на Европа.

Но затоа пак на Манчестер јунајтед одлично му оди надвор од теренот, „Црвените Ѓаволи“ денеска ги соопштија финансиските резултати за изминатите три месеци.

Најтрофејниот клуб од Англија во вториот квартал од годината забележа рекордни приходи од 133.8 милиони фунти.

Манчестер јунајтед предвидува дека растот на приходите ќе продолжи, и тие за прв пат ќе ја пробијат границата од 500 милиони фунти.

„Црвените Ѓаволи“ очекуваат оваа финасиска година да имаат приход помеѓу 500 и 510 милиони фунти.