24фудбал

Рицоли се повреди, нема да го суди дербито Јувентус - Наполи

Најдобриот италијански судија Никола Рицоли поради повреда нема да ја дели правдата на дерби пресметката Јувентус - Наполи, таа чест сега ќе ја има Даниеле Орсато

Италија

Овој викенд во Серија А на програмата е дуелот помеѓу двата најсериозни кандидати за Скудетото, Јувентус во Торино го пречекува Наполи.

За очекување беше овој дерби натпревар да го суди Никола Рицоли.

Но најдобриот италијански судија има повреда, па сега правдата ќе ја дели Даниеле Орсато.

Судии за 25. коло во Серија А:

Карпи - Рома: Таљавенто
Киево - Сасуоло: Герсини
Емполи - Фрозиноне: Ди Бело
Фиорентина - Интер: Мацолени
Јувентус - Наполи: Орсато
Милан - Џенова: Калварезе
Палермо - Торино: Червелера
Сампдорија - Аталатна: Дамато
Удинезе - Болоња: Русо