24фудбал

Како ќе изгледа табелата на плати во Барса откако Бускетс и Нејмар ќе ги продолжат договорите (ФОТО)

Каталонскиот весник, Спорт направи интересен графикон со сегашните плати на фудбалерите на Барселона и откако Нејмар и Бускетс ќе ги продолжат договорите.

Шпанија

Се очекува наскоро Барселона да потпише нов спонзорски договор, а потоа да ги продолжи договорите на Бускетс и Нејмар.

Се шпекулира дека новиот спонзор на дресовите на Барса ќе биде Пепси и договорот ќе започне од следната сезона.

Бускетс во моментов е четврти најплатен фудбалер во Барселона, тој ќе го престигне Пике по висината на платата, но нема да напредува на третата позиција, бидејќи од седмата на втората ќе се искачи Нејмар.

Меси е зациментиран на врвот, а Суарез кој прикажува фантастични игри се наоѓа на дури седмата позиција. Очекувањата се дека Уругваецот во текот на следната сезона ќе добие нов, подобрен договор.