24фудбал

Бејл го чини Реал 750 000 евра по натпревар!

Шпанскиот весник AS реши да се позанимава малку со математика и да пресмета колку чини секој настап на Герет Бејл за „Кралевите“

Шпанија

Веб порталот Football Leaks минатиот месец објави детели од трансферот на Герет Бејл, а документите покажаа дека Велшанецот официјално е најскапиот фудбалер во светот и неговиот трансфер изнесувал 100,7 милиони евра.

Шпанскиот весник AS сега реши да се позанимава малку со математика и да пресмета колку чини секој настап на Герет Бејл за „Кралевите“ со оглед на тоа дека фудбалерот имаше неколку повреди откако се пресели на Сантијаго Бернабеу.

За својата пресметка, AS ја разделува трансфер сумата на шест дела (Бејл стави потпис на шест годишен договор) и на оваа бројка ја додава платата на играчите од 18 милиони евра.

Весникот вели дека Реал во Бејл годишно инвестира околу 34,5 милиони евра, а играчот во првите две сезони настапил на 92 средби, што значи дека Велшанецот го чини Реал 750 000 евра по натпревар

AS потенцира дека оваа сума може да се приближи и до 1 милион евра доколку се земат во предвид и натпреварите од оваа сезона, со оглед на тоа дека играчот често се мачи со повредите и до овој момент повеќе е надвор од терените отколку на нив.