24фудбал

„Мурињо и Манчестер јунајтед перфектно си одговараат“

Поранешниот напаѓач на Порто, Бени Мекарти играше под водство на Португалецот во Порто, верува дека Жозе Мурињо може да направи големи работи за Манчестер јунајтед и да го врати во врвот на англискиот и европскиот фудбал.

Англија

По заминувањето на Сер Алекс Фергусон, Манчестер јунајтед ги нема резултатите на кои беа навикнати фановите на клубот.

Иако сеуште нема официјална информација, речиси никој не се сомнева дека Жозе Мурињо од следната сезона ќе го превземе кормилото на Олд Трафорд.

„Манчестер јунајтед има многу млади фудбалери кои сакаат да напраат големи работи и да ги промовираат своите имиња во фудбалскиот свет. Мурињо ќе биде перфектен човек за клубот“ - вели Бени Мекарти за Би-Би-Си.

„Доколку фудбалерите дадат 100% за него и покажат желба за успех, тој дефинитивно може да го врати Манчестер јунајтед на врвот во Европа“.

„За време на мојот престој во Порто, тој имаше полна поддршка и мислам затоа беше толку успешен“.

„Манчестер јунајтед е таков клуб и тој ќе може да ги мотивира играчите да го дадат најдоброто и ќе го однесе клубот онаму каде што припаѓа“.

На сината страна од Манчестер ќе пристигне Пеп Гвардиола, па интересна ќе биде битката меѓу старите ривали.

„Мурињо е еден од оние кои знаат како да ја победат тактиката на Гвардиола“ - вели Мекарти.

„Кога беше во Реал Мадрид неколку пати го победи Гвардиола, а имаше успех и со Интер против него“.