24фудбал

Карагер: Повторно сум горд на Ливерпул!

Џејми Карагер вели дека одново е горд на „Црвените“ откако клубот од Енфилд реши да не ги зголемува цените на билетите и им се извини на фановите

Англија

Околу 10 000 фанови предвреме го напуштиja Енфилд минатиот викенд во знак на протест поради новите повисоки цени на дел од билетите од следната сезона.

На протестот се приклучи и легендата на Ливерпул, Џејми Карагер кој застана на страна на фановите и истакна дека одлуката на сопствениците на клубот е нелогична.

Фенвеј Спортс Груп (компанијата која го поседува Ливерпул) за кратко време увиде дека направила грешка, па вчера соопшти дека нема да ги зголеми цените на билетите и им се извини на навивачите.

Џејми Карагер сега ја поздрави ваквата одлука и вели дека повторно е горд на „Црвентие“.

„Кога слушнав дека сопствениците на Ливерпул одлучиле да не ги зголемат цените на билетите и се извиниле, повторно се почувствував горд на мојот клуб” – напиша Карагер во својата колумна за Daily Mail.

„Фановите во саботата направија огромен чекор кога решија да го напуштат Енфилд во 77. минута, потег кој имаше толку голем ефект што Фенвеј Спортс Група веднаш мораше да се корегира”.

„Се надевам дека сега потегот на Ливерпул ќе има ист таков ефект врз другите клубови од Премиерлигата”.

„Ќе биде одлично доколку сите клубови се договорат дека нема да се зголемуваат цените на билетите”.

„Тогаш ќе имаме причина сите да бидеме горди”.