24фудбал

Милан сака Паволети да биде замена за Балотели

Милан се интересира за напаѓачот на Џенова, Леонардо Паволети кој би требало да дојде како замена за Балотели кој ќе се врати во Ливерпул по крајот од сезоната.

Италија

Милан нема да ја искористи опцијата да го откупи Балотели, па неговиот престој во клубот ќе заврши со крајот на сезоната.

Тутоспорт пишува дека росоњерите идентификувале нов напаѓач, се работи за Паволети од Џенова.

Паволети постигна веќе 10 голови оваа сезона, а познато е дека Милан и Џенова имаат добри релации кога трансферите се во прашање.