24фудбал

Како изгледа најдобриот тим во кинеската Супер лига по „шопингот“ кој го имаа во Европа (ФОТО)

Францускиот спортски весник Л'Екип го состави најдобриот тим во кинеската Супер лига по огромните суми кои ги потрошија во Европа оваа зима.

Останато

Кинезите направија вистинска инвазија во јануарскиот преоден рок и многу од фудбалерите кои ги сакаа успеаа да ги купат благодарение на огромните суми кои ги понудија.

Напаѓачкото трио го сочинуваат Џексон Мартинез, Жервињо и Тешеира, позади нив е Гуарин, а во средниот ред се и Какута, Рамирез и Аугусто. Одбрамбеното трио е Гулум, Жил и Мбиа.

Во тимот не е вметнат и поранешниот играч на Тотнем, Паулињо, а недостасува и голман, позиција за која кинезите сеуште не почнале да трошат.