24фудбал

Ако не се пласира во ЛШ, Интер му го продава Икарди на Манчестер јунајтед

Мауро Икарди би можел да го напушти Интер по крајот на сезоната доколку клубот не се пласира во Лигата на шампионите.

Англија

Тутоспорт пишува дека Икарди од следната сезона би можел да го облече дресот на Манчестер јунајтед доколку Интер не заврши на третото место.

Жозе Мурињо пристигнува на Олд Трафорд и според италијанскиот весник Икарди е една од неговите желби.

Сумата која ќе треба да ја плати Јунајтед за ангажман на Икарди изнесува околу 45 милиони евра.