24фудбал

Инсиње му се восхитувал на Дел Пјеро, тој пак на Марадона

Дел Пјеро играл фудбал со Марадона во сопствената дневна, Инсиње гледал касети од Дел Пјеро и пробувал да го имитира.

Италија

Неделава Наполи и Јуве се главна тема во Италија, со оглед на нивната саботна пресметка во Торино. Но, нивната поврзаност очигледно е далеку поголема отколку што многумина мислат.

Една од ѕвездите на лидерот Наполи, Лоренцо Инсиње, како мал му се восхитувал на Алесандро Дел Пјеро и ги учел неговите потези.

„Јас пораснав со Алесандро Дел Пјеро. Му се восхитувам како играч и како човек. Како мал гледав касети со него и се обидував да ги копирам неговите потези. За мене тој е пример за сè. Љубоморно го чувам неговиот дрес кој самиот тој ми го даде. Еден гест кој никогаш нема да го заборавам.“

Ако играчот на Наполи му се восхитувал на легендата на Јуве, од друга страна пак Дел Пјеро фактички ја возвраќа почитта бидејќи тој пак му се восхитувал на најголемиот наполитанец на сите времиња, Диего Марадона.

„Јас со Марадона имам играно! Го предизвикував во дневната од мојот дом, кога сонував да станам фудбалер. Доволно е само тоа да го кажам за да се знае што јас мислам за Диего. Тој е од друга планета. Сан Паоло е посебен стадион за мене. Тоа е судбина, можеби, за оној што носи број 10.“

Последниот пат кога Деј Пјеро играше на Сан Паоло загуби, и тоа натпревар кој беше финале на купот во 2012. Но, целиот стадион стана на нозе и со громогласен аплауз го испрати Дел Пјеро, онака како што порано му правеа на големиот Марадона.