24фудбал

Буфон: Нè потценуваат. Со Наполи важно е да не се загуби

Единицата на Јувентус верува дека неговиот тим сè уште е потценуван поради лошиот старт и дека дуелот со Наполи е важно да не го загубат.

Италија

„Многу работи се променија од нашиот прв натпревар сезонава, и двете екипи не се исти. Наполи е прв и тоа апсолутно заслужено, а тоа нас не тера да се покажеме на терен. Навистина е дека скоро секогаш Скудетото го освојува тимот со најдобра одбрана, но денес тоа непишано правило очигледно не важи бидејќи сме втори иако ја имаме најдобрата одбрана во Серија А. Сепак, има уште 14 кола за ова правило да се покаже вистинито.“

Со победа во сабота Јуве ќе го помина Наполи и ќе стане лидер, но на гостинот би му одговарало и реми: „Не би знаел дали Наполи ќе дојде тука и ќе игра на нерешено, сигурно двете екипи ќе пробаат да победат. За нас многу важно ќе биде да не загубиме. Игуаин покажа дека е феноменален напаѓач, вистински лидер на тимот. Тој покажа дека е шлагот на една група со огромна вредност.“

„Петтото последователно Скудето би било сон после еден лош почеток, невозможно е да се предвидат 14 победи во низа после еден така лош период. Сите не отпишаа како истрошени, што и беше нормално. Но, изгледа ги потценија нашите технички, морални и човечки квалитети кои ни овозможија да да го правиме она што правевме изминативе 4 години и што го правиме сега.“

Буфон не е загрижен за гласините кои го носат тренерот Алегри во Челси и напаѓачот Алваро Мората во Реал Мадрид: „Гласините од странство немаат голем ефект во нашата соблекувална. Фактор што двајца наши членови се на радарот на два големи тима како Челси и Реал е доказ дека играме одлична сезона.“