24фудбал

Креспо: Мило ми е што Гери Невил се бламира во Валенсија

Поранешниот аргентински фудбалер, Ернан Креспо вели дека е среќен поради неуспесите на Гери Невил во Валенсија, бидејќи како ТВ аналитичар Англичанецот бил многу строг кон неговите сегашни колеги.

Шпанија

Поранешниот играч на Интер и Челси, Ернан Креспо кој сега е тренер на Модена, се сити на неуспесите на Гери Невил во Валенсија.

Гери Невил важеше за еден од најдобрите аналитичари на Скај Спортс, но кога реши да го превземе кормилото и да се проба како прв тренер доживеа вистински дебакл. Сè уште нема победа со Валенсија во Примера и се наоѓа пред отказ.

„Да гледате натпревар на ТВ е многу поразлично отколку да го гледате од клупата“ - вели Ернан Креспо.

„Речиси сум среќен за тешкотиите кои ги има Гери Невил во Валенсија. Се сеќавам тој беше многу строг во ТВ емисиите“.