24фудбал

Џакерини: За малку ќе умрев при судир со голман, ми ја вадеа слезината

Емануеле Џакерини раскажува за неговото детство и страшниот судир со противнички голман по кој за малку ќе умрел.

Италија

„Кога бел мал и одев на проба во еден клуб, бев преплашен. Многумина ми велеа дека сум премногу мал за да бидам фудбалер. Но, татко ми секогаш ми велеше: „Гледаш ли дека сите имаат по две нозе, исто како и ти. Не се откажувај!““

Емануеле Џакерини успеа во својата желба не само да стане фудбалер, туку и одличен. Денес игра за Болоња, а порано настапуваше за Јувентус, Сандерленд, Чезена и Павија. Беше и репрезентативец на Италија.

Но, патот до успехот на популарниот Џак не бил лесен, за малку ќе го загубел животот обидувајќи се да стане фудбалер.

„Еднаш при еден судир со противнички голман тешко ја повредив слезината и се здобив со внатрешно крварење. Можев да умрам и затоа мораше да ми ја отстранат слезината. Но, јас го послушав советот од татко ми и никогаш не се откажав.“