24фудбал

Балотели ќе стартува против Џенова

И покрај тоа што неговата форма е доведена во прашање по враќањето од повредата, Балотели најверојатно ќе го почне натпреварот против Џенова.

Италија

И покрај тоа што Михајловиќ изјавува дека Балотели не е доволно подготвен за да добие поголема минутажа, тој најверојатно ќе стартува на неделниот натпревар против Џеновa и ќе има можност да докаже дека заслужува место во стартниот тим.

Нијанг и и Луиз Адриано имаат повреди, додека Менез не е подготвен за враќање на теренот, па Балотели останува единствена опција за партнер на Бака во нападот.

Натпреварот против Милан и Џенова се игра во недела со почеток од 12:30.