24фудбал

Ако Лестер стане шампион, обложувалниците ќе треба да исплатат 50£ милиони

Обложувалниците од „Островото“ би можеле да исплатат околу 50 милиони фунти, доколку „Лисиците“ направат чудо и ја освојат Премиерлигата

Англија

Лестер е вистински хит оваа сезона, избраниците на Клаудио Раниери играат брилијантно и во моментов се на врвот на табелата и имаат пет бода предност, пред Тотенхем и Арсенал.

За очекување беше клубот од Кинг Пауер Стадионот, кој минатата сезона едвај обезбеди опстанок, одново да биде во долниот дел од табелата, па затоа обложувалниците на „Лисиците“ им дадоа шанси од 5000:1 за триумф во Премиерлигата.

Многумина го искористија ваквиот висок коефициент и решија да си ја пробаат среќата со мали влогови, на интернет се почесто се јавуваат фудбалски фанови кои вложиле 5, 10 или 20 фунти.

Според експертот Џон Хил, кој работи како портпарол за обложувалницата Корал, букмејкерите ќе треба да одвојат добра сума на пари доколку Лестер биде шампион.

Тој проценува дека обложувалниците од „Островото“ би можеле да исплатат и до 50 милиони фунти, доколку „Лисиците“ продолжат со магичната сезона.