24фудбал

Блан и Луиз се смирија откако дефанзивецот одби да биде заменет (ВИДЕО)

Лоран Блан беше принуден да свика кризен состанок за да ги надмине недоразбирањата со Давид Луиз откако на дуелот со Марсеј дефанзивецот одби да биде заменет

Останато

Во второто полувреме од дерби пресметката на Велодром во неделата, Давид Луиз се пожали на ситна повреда и мораше да му биде укажана лекарска помош.

И покрај тоа што Бразилецот му покажуваше на Лоран Блан дека се е во ред со него, тренерот реши во игра да го вметне Маркињос.

Но потоа настана комична ситуација, Давид Луиз одби да го напушти теренот а судијата откако почека 30 секунди даде знак играта да продолжи.

Па Лоран Блан беше принуден вчера да свика кризен состанок, и стратегот сега вели дека се надминати недоразбирањата.

„Разговарав со Давид” – вели Блан. „Беше важно да разјасниме одредени работи”.

„Задоволен сум од она што беше кажано на состанокот. Беше важно за него, за мене, и за целиот тим”.