24фудбал

Валдес од свој џеб ќе го плаќа секој разменет дрес!

Според пишувањта на Mundo Deportivo, Виктор Валдес на Стандард Лиеш ќе треба да му плати 100 евра за секој дрес што ќе го размени со противничките играчи

Останато

Шпанецот во последниот ден од зимскиот преоден рок му стави крај на „пеколот“ што го поминуваше во Манчестер јунајтед, и прифати понуда да заигра за Стандард Лиеж.

Виктор Валдес можеби не е огромна фудбалска ѕвезда, но привлекува големо внимание кај противниците, особено голманите.

Не се случува секој ден таков шампион, кој има освоено речиси се што може да се освои, да настапува во првенството на Белгија.

Па на трите натпревари кои досега ги одигра Виктор Валдес, трипати му беше побарано да го замени дресот со голманот од противничкиот тим.

Но Стандард нема финансика моќ како Барса или пак Манчестер јунајтед, и Виктор Валдес од свој џеб ќе треба да го плати секој разменет дрес.

Според Mundo Deportivo, клубот од Лиеж го известил Виктор Валдес дека ќе треба да одвои 100 евра за секој дрес.