24фудбал

Бејл ја обнови повреди, неизвесен за дуелот со Рома

Герет Бејл ќе биде надвор од стројот уште една недела и најверојатно ќе го пропушти дуелот со Рома во Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Велшанецот заработи повреда на листот на ногата на дуелот со Спортинг пред дваесетина дена, и требаше оваа недела да почне да тренира со полна пареа.

Сепак, Герет Бејл одново работи со физиотерапевтите, и според пишувањата на медиумите од Шпанија, играчот ја обновил повредата.

Се говори дека Герет Бејл ќе треба да паузира уште една недела, и тој сега е под знак прашалник за првиот натпревар со Рома во осмина-финалето од Лигата на Шампионите.