24фудбал

Мамиќ си поднесе оставка: Политиката одлучи да го уништи Динамо и фамилијата Мамиќ

Здравко Мамиќ не е повеќе извршен претседател на Динамо Загреб. Оптеретен со истраги и тужби реши да се повлече од функцијата и да биде само советник во клубот.

Останато

Откако беше најавена и трета истрага против Мамиќ и неговите соработници, тој реши да си поднесе оставка од претседателската функција во Динамо Загреб.

Ја обвини власта дека сака да го уништи клубот и неговата фамилија и се пофали што направил тој за Динамо Загреб.

„Да не бевме јас и Мирко Баришиќ, клубот Динамо немаше да постои. 2005 година ја завршивме во Лигата за бедни и реков доста е. Најавив доминација на Динамо во наредните десет години. Што се случи? Тоа што ветивме. Направивме младинска школа, и помогнавме на репрезентацијата која црпи од нашите производи. Да го нема Динамо ќе немавме ни ваква хрватска репрезентација“ - вели Мамиќ.

„Во последните пет години, три пати игравме во Лигата на шампионите. Во најголемата криза во светот која трае од 2008 година, Динамо градеше терени и хотели. 300 милиони евра во десет години внесовме во Динамо. Управата на клубот го направи тоа“.