24фудбал

Француски Алжирец, Србин и нашинец го засилија Металург

По подолго време екипата на Металург ќе има и странски играчи во своите редови.

Македонија

Последнопласираната екипа на Металург се засили со тројца нови играчи од кои изненадувачки, двајца се странци.

Алжирецот родум од Франција, Закарија Нимани, е дваесетгодишен одбранбен играч кој својата фудбалска кариера ја минувал по француските нисколигаши.

Србинот со интересно име, Аладин Ѓаковац, е 24-годишен играч од средниот ред кој доаѓа од екипата на Динамо од Врање. Претходно играл за Јошаница, Слога Краљево и босанските Фамос, Сарајево и Напредак, додека кариерата ја почнал во родниот Нови Пазар.

И за крај, домашниот фудбалер е всушност Џелил Асани, поранешно крило на кичевските ривали Напредок и Влазрими од каде што е и самиот играч. Изминатава полусезона Асани настапуваше во Албанија за тимот на Билис каде одигра само 9 лигашки натпревари.