24фудбал

Гвардиола: Не сум сретнал поголем професионалец од Левандовски

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола открива дека Роберт Левандовски 24 часа во денот внимава на своето тело

Германија

Пеп Гвардиола има многу пофални зборови за својот главен напаѓач, Роберт Левандовски.

„Не сум сретнал поголем професионалец од него” – рече Шпанецот на денешната пресконференција.

„Се грижи за себе 24 часа во денот. Правилно се храни, спие и тренира. Секогаш е на располагање, никогаш не е повреден бидејќи се фокусира на овие работи”.

„Знае што е важно, и физички и ментално, за да биде во најдобра форма”.

Роберт Левандовски редовно ги тресе противничките мрежи оваа сезона, но Полјакот се мачеше на почетокот од својата кариера во Минхен.

„Јас и тогаш бев многу, многу задоволен од него. Уште од првиот момент знаев за што е способен”.