24фудбал

Рибери ќе биде подготвен за Јувентус

Добри вести за Баерн Минхен пред продолжението на Лигата на шампионите, Франк Рибери тренира и ќе биде подготвен за дуелот со Јувентус.

Лига на Шампиони

Артуро Видал е под знак прашалник, но Пеп Гвардиола може да се израдува бидејќи по два месеци Рибери се враќа во стројот.

Францускиот фудбалер почнал да тренира и според информациите од Германија ќе биде подготвен за првиот дуел со Јувентус кој се игра на 23. февруари во Торино.

„Убаво е што се врати Рибери. Потребен ни е. Пред нас се тешки натпревар“ - изјави Робен.