24фудбал

Ново реми на Вардар во Анталија

Вардар го одигра и четвртиот пријателски меч на подготовките во Анталија, ремизираше 1-1 со украинскиот тим Металист Харков.

Македонија

Вардар поведе со прекрасен гол на Фелипе во 33. минута, силен шут од далечина кој заврши во аголот од голот на Металист.


Во 66. минута по центаршут од корнер на фудбалерите на Металист, Зотко го изедначи резултатот на 1-1, што и беше конечен исход од овој дуел.


Следниот натпревар на Вардар е во петок кога се среќава со уште еден украински тим, Черноморец од Одеса.


Стартери на Вардар за овој натпревар беа: Гачевски, Хамбарџумјан, Новак, Мијушковиќ, Глигоров, Спировски, Фелипе, Којашевиќ, Попов, Стојков, Нимани.


Играа уште: Брдаровски, Ќеран, Ивановски, Грозданоски, Таневски, Грнчаров, Блажевски, Николов и Глишиќ.