24фудбал

Хамшик: Јуве, одвај чекам... (ВИДЕО)

Креативецот на Наполи одвај чека да дојде викенд за да излезе на мегдан со Јувентус.

Италија

Словакот Марек Хамшик открива дека сите во таборот на Наполи одвај чекаат да дојде сабота вечер и пресметката со бранителот на тронот, Јувентус.

„Нормално дека сме задоволни од победата, можеби помалку од играта, но среќни сме и поради резултатите на Интер и Фиорентина. Сега мислиме на Јуве.“

Наполи вчера одвај со 1:0 славеше на Карпи, очигледно со мислите веќе биле во Торино.

„Сигурно ќе биде одличен натпревар, следен од целиот свет. Два тима кои играат доста добро и се еден зад друг на врвот на табелата. Што да кажам, ќе биде супер натпревар кој не можеме да го дочекаме да го играме.“

„Не знам дали ќе го реши победникот на Скудетото, но ќе биде важен. Ќе има потоа уште 13-14 или не знам точко колку натпревари, но сигурно дека мора да оствариме добар резултат бидејќи ќе има огромно влијание. Нема да биде лесно, ќе пробаме да ја играме нашата игра и да му парираме на Јуве.“