24фудбал

Киелини ги пропушта Наполи и Баерн Минхен

Џорџо Киелини поради повреда најверојатно ќе ги пропушти двата значајни натпревари за Јувентус против Наполи и Баерн Минхен.

Италија

Дефанзивецот доби удар во ногата за време на синоќешниот натпревар против Фросиноне.

Според Кориере дело Спорт, тој дефинитивно нема да биде во составот за натпреварот против Наполи, а веројатно ќе го пропушти и првиот уел со Баерн Минхен од Лигата на шампионите кој се игра на 23. февруари.

Весникот вели дека во составот се враќа Сами Кедира, но опоравувањето на Марио Манџукиќ се одвива поспоро.