24фудбал

Пред дуелот на Емирати, Арсенал го ангажираше „мозокот“ на Лестер

Во пресрет на големиот натпревар помеѓу Арсенал и Лестер, скаутот на „Лисиците“, Бен Вриглсворт потврди дека во иднина ќе работи за „Топчиите“

Англија

Медиумите од „Островото“ подолго време говорат дека Арсенал се обидува да го ангажира ’мозокот’ на Лестер, Бен Вриглсворт кој им помогна на „Лисиците“ да ги откријат играчите како Ријад Марез и Н’Голо Канте.

Во пресрет на големиот дуел помеѓу двата клуба на Емирати, Бен Вриглсворт сега потврди дека во иднина ќе работи за „Топчиите“.

„По три ипол незаборавни сезони, и работа со извонредни луѓе, сега започнувам ново поглавје” – напша Вриглсворт на Твитер.

„Одлуката за напуштање на Лестер беше тешка, но морав да ја прифатам шансата која не се укажува често”.

„На Лестер му посакувам голем успех во иднина и вечно ќе му бидам благодарен”.

На Емирати Стадионот, Бен Вриглсворт ќе биде главен видео скаут.