24фудбал

Торес му го подари дресот на човекот кој го направи фудбалер (ФОТО)

Торес денеска го постигна својот јубилеен 100. гол за Атлетико Мадрид, а дресот по натпреварот му го подари на еден многу важен човек за неговата кариера.

Шпанија

Фернандо Торес денеска ја запечати победата над Еибар од 3-1 постигнувајќи го последниот гол на натпреварот, за него 100. во дресот на Атлетико Мадрид.

Дресот со кој дојде до јубилејниот погодок по натпреварот му го подари на Мануел Брињас, можеби најзаслужниот човек за неговата кариера.

85-годишниот Мануел Брињас беше главен на младинските категории на Атлетико Мадрид, тој го пречека Фернандо Торес во клубот на 10 годишна возраст и му овозможи да се развие во еден од најдобрите напаѓачи во историјата на црвено-белите.