Столе Димитриевски на позајмица во Кадиз

Macedonianfootball.com дознава дека Столе Димитриевски од Удинезе ќе биде позајмен на Кадиз од шпанската Секунда Б Дивизија.
Талентираниот македонски голман кој потпиша со италијанскиот гигант Удинезе, нема да замине на позајмица во Гранада како што претходно се најавуваше.
 
Специјализираниот портал за македонски фудбал, macedonianfootball.com дознава дека Димитриевски од јануари се сели во членот на шпанската Секунда Б Дивизија, Кадиз, каде што треба да остане до крајот на сезоната.
 
Кадиз е на првото место во Шпанската Секунда Б Дивизија, група 4. Заедно со Бетис Б имаат по 36 бода.
 
Димитриевски своето деби за Кадиз би можел да го има на 8. јануари кога ќе го пречекаат Полидепортиво Ехидо.
 
Се очекува Столе да биде прв избор на голманската позиција на Кадиз. 
 
Кадиз играше во Примера во сезоната 2005/2006, но потоа почна да тоне.
 
Повеќе информации за македонскиот фудбал можете да прочитате на macedonianfootball.com

Најчитани

Фудбал на ТВ

Сабота

19.05.2012


Канал 5, 20:45

Лига на Шампиони: Баерн Минхен - Челзи

 

 

 

Анкета

Дали Роберто Ди Матео треба да остане на клупата на Челзи?

Вкупно гласови: 909
Да [87.90%, 799 гласови]
Не [12.10%, 110 гласови]