24фудбал

Атлетико Мадрид го продаде Џексон Мартинез за 42 милиони евра!

Не одигра речиси ништо за Атлетико Мадрид ама клубот не жали што го купи, Џексон Мартинез е продаден на кинескиот клуб Гуангжу Евергранде.

Шпанија

Атлетико Мадрид го купи Џексон Мартинез од Порто минатото лето за сума од околу 35 милиони евра.

Напаѓачот не се снајде во Шпанија, не беше ниту бледа сенка на она што го покажуваше за Порто, но Атлетико Мадрид не се кае, напротив Џексон Мартинез се покажа како одлична зделка.

Мартинез потпиша за Гуангжу Евергранде кој на Атлетико Мадрид ќе му плати дури 42 милиони евра за овој трансфер.