24фудбал

Фил Невил привремен тренер на Валенсија

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Евертон, Фил Невил ќе биде привремено решение за тренерското место во Валенсија по заминувањето на Нуно Санто.

Шпанија
Невил кој до сега му беше помошник на Нуно Санто, ќе биде главен тренер на тимот се до назначување на нов предводник на Валенсија.
 
Ова ќе биде прва самостојна работа како тренер на Фил Невил, а дебито ќе го има во среда на гостувањето кај Баракалдо во рамките од шпанскиот куп.
 
Клубот во меѓувреме е во потрага по наследник на Санто, а како главни кандидати се споменуваат Франк Рајкард и Михаел Лаудруп.