24фудбал

Вардар - Шкендија во Ѓорче, Работнички - Вардар во Велес

Поради лошиот терен на Арената „Филип Втори", Вардар и Работнички на алтернативни стадиони ќе ги одиграат своите следни натпревари.

Македонија
Реваншот од Купот на Македонија помеѓу Вардар и Шкендија ќе се игра во среда на стадионот во Ѓорче Петров со почеток од 13 часот. Вардарци ќе имаате тешка задача да ја надополнат негативата од 3-0 по првиот меч.
 
Работнички одлучи градското дерби против Вардар да го игра на стадионот во Велес. Дуелот се игра во сабота од 13 часот.