24фудбал

Меси, Роналдо и Нејмар се тројцата финалисти за Златната топка

Познати се тројцата финалисти за престижната Златната топка, без изненадувања, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар ќе се борат за престижната награда.

Останато
Триото на Барселона, Меси, Нејмар и Суарез функционира фантастично, но еден од нив мораше да отпадне поради актуелниот освојувач, Кристијано Роналдо.
 
Нема место за Луис Суарез, Меси и Нејмар од таборот на Барселона ќе се надеваат на наградата, а минимални се шансите таа повторно да отиде кај Кристијано Роналдо.
 
Наградата ќе биде доделена на гала церемонија која ќе се одржи на 11. јануари во Цирих.
 
За наградата тренер на годината во конкуренција останаа Луис Енрике, Пеп Гвардиола и Хорхе Сампаоли.