24фудбал

Македонија брзо приземјена, срамен пораз од Либан! (ВИДЕО)

По убедливиот триумф над Црна Гора, пораз на македонската фудбалска репрезентација од Либан со 1-0 во лоша игра на избраниците на Игор Ангеловски.

Македонија
Кога помисливме дека работите ќе се променат на позитивно по добрата игра и убедлива победа против Црна Гора, Либан нé враќа во суровата реалност, Македонија доживеа пораз.
 
Избраниците на Игор Ангеловски беа овој пат беа на многу пониско ниво, речиси и да не создадоа вистинска можност против противникот кој требаше да биде добиен.
 
Натпреварот беше решен на почетокот од првото полувреме кога по голем кикс на голманот Димитриевски, Оумари ја смести топката во неговата мрежа.
 
Македонија се обидуваше да се спаси од пораз, но нападите беа јалови без идеја и без доволна агресија за вистински да биде загрозен противникот.
 
Во недостаток на креација од напаѓачите, Македонија пробуваше од прекини да постигне гол, Шиков во неколку наврати се закани, но Либанците ги отстранија сите наши обиди.
 
Македонија не покажа ништо на овој натпревар и беше испратена со свирежи од малубројната публика, Либан заслужено се радува на триумф над европска земја по 20 години пауза.
 
Пред селекторот Ангеловски е напорна работа за да создаде селекција која ќе може да врзе неколку добри натпревари.