24фудбал

Одложен пријателскиот натпревар помеѓу Белгија и Шпанија

По терористичкиот напад во Париз, пријателскиот натпревар помеѓу Белгија и Шпанија во Брисел е одложен поради безбедносни причини

ЕУРО 2016

Експедицијата на ’Црвената Фурија’ вчера пристигна во Брисел, но доцна во вечените часови била донесена одлука натпреварот да не се одигра.

Дел од осомничените за терористичките напади во Париз се од Белгија, безбедносното ниво во оваа земја беше подигнатно и во текот на вчерашниот ден беа извршени неколку полициски акции во населбата Молебек во Брисел.

Сеуште се трага по организаторот на нападите во престолнината на Франција, па поради безбедносни причини и стравување од нови терористички напади, Фудбалската Федерација на Белгија го одложи контролниот дуел со Шпанија што денеска требаше да се одигра на стадионот ’Крал Бодуин’.

„Во консултации со властите и со реперзентацијата на Шпанија, Фудбалската Федерација на Белгија реши да го откаже пријателскиот натпревар” – гласеше известувањето на ФФБ.

„Владата стапи во контакт со Фудбалската Федерација на Белгија и препорача натпреварот да не се одигра”

„Жалиме што толку доцна мораме да донесеме одлука за одложување на натпреварот, и го разбираме разочарувањето на фановите”.

„Но со оглед на моменталните околности, не можеме да ризикуваме со животите на играчите и фановите”.