24фудбал

Ангеловски: Не смееме да го потцениме Либан

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски има почит кон селекцијата на Либан, посакува неговите фудбалери да ги повторат добрите моменти од дуелот со Црна Гора, да ја градат играта која треба да биде препознатлива и да дојдат до уште една

Македонија
Македонија утре со почеток од 13 часот на Националната арена „Филип Втори“ го игра контролениот натпревар против Либан.
 
По убедливата победа над Црна Гора во репрезентацијата владее оптимизам и добро расположение кое треба да биде пренесено и на утрешниот натпревар.
 
„Либан е добро организирана селекција, со сличен ранкинг на нашата репрезентација. Мислам дека ќе имаме добра проверка, противникот е во натпреварувачка форма со оглед дека се во тек на квалификациски циклус. Наша цел е да го повториме тоа што беше добро од дуелот со Црна Гора, ќе се обидеме чекор по чекор да ја градиме играта која сакаме да биде препознатлива за нашиот национален тим. Не е тајна ниту почетниот состав, ќе стартуваат истите десет играчи како и против црногорците, а ќе одлучиме кој ќе влезе на местото на Агим Ибраими" - изјави Ангеловски.
 
Александар Трајковски кој постигна хет-трик на натпреварот против Црна Гора, ветува максимум и против Либан.
 
„Максимално ќе одиграме и на овој меч, да го покажеме истото како со Црна Гора. Секој треба да биде мотивиран, да се обидемне да победиме со цел да врземе две победи. Ова се натпревари кои треба да ни ја зголемат самодовербата, а потоа да се подготвуваме за следните квалификациски" - вели Трајковски.
 
Никола Глигоров се надева дека со доби игри ќе се врати и публиката на стадионот која се помалку е присутна на натпреварите.
 
„Имаше доста позитивни работи со црногорците, но и негативни, кои ги воочивме и ќе ги исправиме. Со беспоштедна борба, со максимум на сите, се надевам дека и утре ќе се претставиме во добро светло. Се надевам дека со односот, со резултатите и борбеноста ќе ја вратиме публиката" - изјави Никола Глигоров.