24фудбал

Фламини седум години криел голема тајна, има компанија која може да вреди 20 милијарди фунти!

Фудбалерот на Арсенал, Метју Фламини пред седум години основал компанија во енергетската индустрија која наскоро би можела да вреди околу 20 милијарди фунти.

Англија
31-годишниот фудбалер на Арсенал, пред неколку години заедно со својот бизнис партнер Пасквал Граната ја основал компанијата "ГФ Биохемикалс", но се досега оваа информација ја чувал во тајност.
 
Фламини веќе вработил 80 луѓе во местото Касерта, Италија, а околу 400 луѓе заработуваат од овој проект кој по потрошени повеќе милиони фунти во истражувања, наскоро ќе почне масовно произвотство на Левулинска киселина (ЛК).
 
Киселината е замена за гориво и би можела да се користи како био гориво за создавање на фармацевтски производи, пластика и козметика.
 
Фламини открива дека компанијата ја основал во 2008 година откако го напуштил Арсенал и се преселил во Милано.
 
„Кратенката ГФ потекнува од имињата Граната-Фламини. На стартот сакавме името на компанијата да биде Грин Фјучрс" - открива Фламини во интервју за Сан.
 
„Седум години не сум кажал на никој. Кога се преселив во Милано во 2008 го запознав Пасквал кој ми стана близок пријател и сакавме да направиме нешто заедно".
 
„Од секогаш бев близок до природата, загрижен за животната средина, климатските промени и глобалното затоплување. Слично размислуваше и Пасквал па гледавме каков придонес би можеле да направиме околу тоа. По некое време дознавме за Левулинската киселина".
 
„Тоа е една молекула идентификувана од страна на американското министерство за енергетика како една од 12 молекули кои имаат потенцијал да го заменат горивото во сите негови форми".
 
„Истражувачите ни кажаа дека Левулинската киселина е иднината и доколку продолжиме со истражување на оваа молекула ќе можеме да направиме големо откритие и успех, по што решивме да инвестираме".
 
„По неколку месеци дојдовме до технологија за индустриско производство на киселината, што значи поевтино и рентабилно. Тоа го патентиравме. Ние сме првата и единствена компанија за индустриско производство на Левулинска киселина во светот. Со производство стартувавме ова лето. Тоа се добива од дрвени и пченкарни отпадоци".
 
„Инвестирав многу пари во ова. Голем ризик е, но за да се биде успешен треба да превземеш ризик. Тоа беше предизвик. Вработивме околу 80 луѓе во фабриката а обезбедивме работа за вкупно околу 400 луѓе. А тоа во време кога има криза во Италија ме прави уште погорд".
 
„Имаме фабрика и лабараторија во Касерта, Италија, имаме канцеларија во Милано и во Холандија, планираме да отвориме и во САД наскоро. Пионери сме во ова. Отвараме нов пазар кој има потенцијална вредност од 20 милијарди фунти".
 
„Потрошив многу пари на ова, никој не знаеше, ниту мојата фамилија. На родителите им кажав пред една година, прво беа загрижени, но сега се горди".
 
„Моите соиграчи од Милан веројатно дознаа за ова откако минатата недела го лансиравме производот, моите соиграчи од Арсенал ќе дознаат кога ќе го прочитаат ова. Мислам декане знае ни Венгер, никогаш не сум зборувал со него".
 
„Најпрво сакав се да биде како што треба, да го стартуваме а потоа да го соопштам. По седум години работа успеавме. Направивме нешто што до сега не беше направено. И на тоа сум најмногу горд".