24фудбал

Чех: Не можам да поверувам што му се случува на Челзи

Репрезентативецот на Чешка, Петр Чех е изненаден од лошата форма на неговиот поранешен клуб Челзи, и додава дека е шокиран од кризата која го зафати клубот од западен Лондонд

Англија

По девет години поминати на Стемфор Бриџ, изминатото лето Петр Чех ги напушти ’Сините’ и се пресели во големиот градски ривал Арсенал.

По неговото заминување, шампионот на Англија се мачи со формата, игра очајно лошо на стартот од новата сезона и во моментов се наоѓа на 16. позиција на табелата со седум порази од 12 натпревари.

Во разговор со Tyden, Петр Чех открива дека е изненадне од она што му се случува на Челзи, и не може да поверува во каква криза е неговиот поранешен клуб.

„Изненаден сум” – вели репрезентативецот на Чешка. „Овој тим пред шест месеци го осови првенството”.

„Клучните играчи останаа, плус тренерот донесе неколку фудбалери по негов вкус”.

„Тешко е да поверувате дека клубот се наоѓа во ваква ситуација”.

„Бев изненаден од тоа што се мачеа на стартот од сезоната, но шокот е уште поголем со оглед на тоа дека кризата на Челзи сеуште трае”.