24фудбал

Клоп го сака Џерард назад на Енфилд

Медиумите од ’Островото’ пренесуваат дека Јирген Клоп сака да во врати Стивен Џерард во клубот, Англичанецот би можел одново да го облече дресот на Ливерпул

Англија

Според пишувањата на The Independent, новиот менаџер на ’Црвените’, Јирген Клоп имал неколку телефонски разговори со Стивен Џерард.

Се говори дека стратегот сака одново да го види Стивен Џерард во Ливерпул, и верува дека присуството на поранешниот капитен во тимот ќе придонесе за подигнување на нивото на професионализам кај останатите играчи.

До овој момент Клоп и Џерард дискутирале само за можноста популарниот Стиви Џи да тренира со Ливерпул до 15. јануари, кога Англичанецот треба да се врати во САД и да ги започне подготовките со ЛА Галакси за новата сезона.

Сепак, не се исклучува можноста Стивен Џерард одново да го облече дресот на Ливерпул и да настапува како позајмен играч.

The Independent додава ваквата зделка е малку комплицирана бидејќи ЛА Галакси во овој момент не сака да даде зелено светло за позајмица на Стивен Џерард, но работите можат да се променат во текот на следните два месеци.