24фудбал

По 404 минути Манчестер јунајтед постигна гол (ВИДЕО)

Со погодокот на Вејн Руни, Манчестер јунајтед ја победи ЦСКА Москва во натпревар од Лигата на шампионите, тоа беше прв погодок на англискиот тим по 404 минути.

Англија
Конечно заврши постот на Манчестер јунајтед, Руни постигна гол и ја прекина серијата без погодок од 404 минути.
 
Токму ЦСКА Москва беше тимот на кој Јунајтед му даде гол пред вечерашнио погодок на Руни. Во меѓувреме тимот на Ван Гал не постигна гол на дуелите со Манчестер Сити, Мидлсброу (120 минути) и Кристал Палас.