24фудбал

Ангеловски го објави списокот на фудбалери за натпреварите со Црна Гора и Либан

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за пријателските натпревари против Црна Гора и Либан.

Македонија
На списокот се најдоа само 16 кои ќе бидат во комбинација за натпреварот против Црна Гора, а за дуелот со Либан ќе бидат додадени и играчи од младата репрезентација.
 
„Овие два пријателски натпревари треба да бидат подготовка за новиот квалификациски циклус за СП 2018 година. Повикав проверени играчи, фудбалери кои добиваа шанса и на претходните натпревари, надополнети со неколку играчи од младата селекција" - вели Ангеловски на денешниот прес.
 
„Сакам да создадеме една хомогена репрезентација која ќе биде спој од младост и искуство. Да направиме еден костур на репрезентацијата, а вратата ќе биде отворена за сите играчи кои играат стандардно и покажуваат квалитет во своите клубови".
 
„Во следниот циклус ќе се врати и Горан Пандев со кога имав разговор во Џенова и тој има желба да биде предводник на оваа репрезентација. Верувам во неговите квалитети и сакам неговото искуство да го пренесе на помладите играчи кои одат по неговиот пат".
 
„Не сакам да ја коментирам работата на претходниот селектор. Имам свој начин на работа, свој ситем кој ќе сакам да го наметнам. Сакам офанзивен фудбал и тоа ќе го вградам во селекцијата".