24фудбал

Нов лош натпревар на Македонија, нов пораз

Македонската репрезентација доживеа уште еден пораз во квалификациите за Европското првенство, Украина победи со 2-0 и ги однесе трите бода.

ЕУРО 2016
Ништо ново од македонската фудбалска репрезентација, празен стадион и нов пораз. Овој пат загубивме од Украина.
 
На натпреварот немаше возбудувања се до 59. минута кога Жута играше со рака, судијата покажа на белата точка, а Селезнов ја реализираше најстрогата казна.
 
По дадениот гол, Украина нападна уште повеќе, Македонија се обидуваше да возврати, но неуспешно.
 
По неколку создадени шанси, Краветц постигна гол за Словенија и го постави конечниот резултат од 0-2.
 
Ова беше последен меч за нашиот голман Томе Пачовски кој стави крај на репрезентативната кариера.
 
Со овој пораз Македонија останува на дното на табелата, последна шанса за избегнување на последното место е гостувањето кај Белорусија.