24фудбал

Роналдо го пропушта дуелот со Србија

Кристијано Роналдо нема да отпатува во Белград на дуелот против Србија поради повреда здобиена на синоќешниот натпревар со Данска.

ЕУРО 2016
Португалија синоќа избори пласман на Европското првенство во Франција, па се чини дека Кристијано Роналдо е поштеден од дуелот со Србија иако официјалните информации се дека тој има повреда.
 
Во соопштението се вели дека Роналдо добил удар во мускулот и пред време ќе замине во Мадрид.
 
Натпреварот помеѓу Србија и Португалија нема никакво резултатско значење.